(ВИДЕО) Цаноски: Со задоволство ја потпишавме Платформата за демократска Македонија

0
424

Партијата за европска иднина (ПЕИ) со задоволство ја потпиша Платформата, за фер и демократаски избори, за слободна Македонија, изјави лидерот на  партијата, Фијат Цаноски.

– Ние како партија и претходно дававме деманти и не прифаќавме да се оди на избори со непрочистен избирачки список, без независни медиуми и се што е потребно за едни фер и демократски избори. Ние и претходно како партија сме биле во коалиција со СДСМ,  во 2011 година. Природно беше да дојде поканата и природно е ние да коалицираме на наредните избори, било кога и да се случат, со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Наше задоволство е да бидеме заедно, со единствена  цел, само да Македонија добие фер и демократски избори – нагласи Цаноски.