На само неколку стотина метри од владата, каде што се одржува „непартискиот собир“, против платформата на Албанските партии, неколку десетици граѓани потпрени на ѕидот пред партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ кој се наоѓа во близина на зградата на владата се потпишуваа на листови на кои се напишани имиња и презимиња, објави НОВА.
Останатите граѓани кои мирно протестираат велат дека се собрале за да го изразат својот револт против менувањето на Уставот, двојазичноста и федерализацијата. Велат дека не сакаат да го учат албанскиот јазик.
Видео и извор : НОВАТВ