Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан 4 часa по полноќ замина од резиденцијата во Пржино без постигнат договор меѓу партиите, но со најава дека се враќа повторно, пренесе А1он.
Не постигнавме договор и јас навистина сум разочаран што не успеавме да изнајдеме решенија според претходните договори од јуни и јули годинава. Се уште има надеж да се најде решение и се надевам дека ќе биде препознаена сериозноста на ситуацијата. Дефинитивно, ова не беше добар ден. Мислам дека утре ќе биде подобар за да се најде решение кое е неопходно и да останат активни евроаспирациите на земјава, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
– Не можам да предвидам за европските аспирации, но сега потребно е лидерство и одговорност за земјата и нејзината судбина. Мислам дека се е можно. Јас ќе се вратам повторно тука. Ние не можеме да ја работиме работата на овдешните политичари. Ќе бидам среќен ако се испочитуваат договорените рокови , рече Хан.
Изјавата на Хан може да ја погледнете ОВДЕ