(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРИЛЕПЧАНИ ПРОТЕСТИРААТ ВТОР ДЕН ПРОТИВ АБОЛИЦИЈАТА НА ХОРХЕ ВАЛАНДОВСКИ И ПРОТИВ АБОЛИЦИРАНИТЕ МАРЈАН СО ХИЛТАТА И МИЛЕ МИ ТЕКНА, ПУКНАА И НЕКОЛКУ ЈАЈЦА СИМБОЛИЧНО ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП

0
768

Прилепчани протестираат втор ден граѓаните против одлуката на Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов за аболиција на лицата против кои Специјалното јавно обвинителство има покренато обвиненија, односно води истрага.

Од граѓанското здружение „Протестирам“ ги прочитаа своите барања кои се однесуваат на неотповикливата оставка на претседателот Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд кое ќе биде надлежно за случаите кои се под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5-ти јуни, вклучување на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот да се одвива на територијата на РМ, како и формирање преодна влада која до крај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе.

Протестот заврши пред зградата на Општина Прилеп со симболично рокање јајца во зградата на општина Прилеп, а за утре организаторите закажаа нов собир со почеток во 18 часот.

 

 

 

IMG_2651 IMG_2654 IMG_2655 IMG_2659 IMG_2663 IMG_2666 IMG_2673 IMG_2766 IMG_2688 IMG_2691 IMG_2723 IMG_2744 IMG_2750 IMG_2761 IMG_2772 IMG_2769