(ВИДЕО) Филипче: Нови 15 случаи на коронавирус, нови 3 смртни случаи во последните 24 часа, вкупно 570 случаи на Ковид 19 во земјава

0
788

„На Инфективната клиника починаа тројца пациенти. Се работи за пациент од Кочани на 40-годишна возраст кој е хоспитализиран на 29 март без познати минати зболувања. Понатаму пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходна состојба тумор на мозокот. И пациент исто така од Тетово на 65-годишна возраст без познати други минати заболувања. Од клиниката денеска заминуваат 4 оздравени пациенти со 2 негативни контролни тестови. Од Дебар стигнати се разултатите на тројца, после 2 контролни негативни тестови се исто така оздравени“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој извести дека во последните 24 часа има 15 нови случаи на пациенти со коронавирус. Во Скопје 4, Куманово 8, Тетово 1, Струга 1 и Штип 1 пациент. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти е 570 лица.