(ВИДЕО) „Фејт ноу мор“ сними спот во Македонија

0
821

Светски популарниот рок-бенд „Фејт ноу мор“ го објави спотот за својата песна „Cone Of Shame“, а видеото е снимано во Македонија, од страна на домашна екипа.

Режисер на видеото е Гоце Цветановски од македонската компанија „Линкс анимејшн студиос“, во чија продукција е видеото. Во спотот глумат неколку македонски актери меѓу кои и Митко Апостоловски.

Басистот на бендот вели дека иако можеби полесно би им било да го снимаат видеото во Аризона или Њу Мексико, во Македонија, каде што бил неколкупати, почувствувал посебена енергија, а режисерот Цветановски одлично ја пренел нивната визија.

Песната „Cone Of Shame“ е дел од нивниот последен албум „Sol Invictus“.