(Видео) Фасцинантна анимација: Погледнете како тонел Титаник, од минута во минута

0
610
Видео записот трае 2 часа и 41 минута, односно точно колку што било потребно за и последниот дел од познатиот брод да исчезне под површината на морето.

За патничкиот брод Титаник (RMS Titanic) веројатно сте читале многу пати. Можеби сте погледнале и некој документарен филм, а можеби и оној играниот на режисерот Џејмс Камерон.

Меѓутоа, вакво нешто со сигурност не сте имале прилика да видите. Се работи за врвна анимација во којашто во реално време е прикажано како тоне Титаник.

Тројца талентирани момци – Томас Лински, Метју Девинкелир и Кајли Худа – во два часа и 41 минута прикажаа што сè се случувало во ноќта на 14-ти април во 1912-та година – од појавата на кобниот леден брег, па сè до кадарот кога и последниот дел од бродот исчезнал под површината на морето.

Во анимацијата повремено ќе видите и како изгледала внатрешноста, но и ќе чуете морничави звуци и моменти додека џинот долг 269 метри и широк 28 метри исчезнувал.

Колку за потсетување, Титаник испловил од британското пристаниште Саутемптон на своето прво прекуокеанско патување кон Њујорк, а во настојувањето да ја освои Сината лента на Атлантикот (наградата за најбрз брод на Атлантикот), капетанот Едвард Џон Смит намерно тргнал по пократка рута, посеверно од пропишаната.

Титаник при брзина од 22 јазли се судрил со санта лед, а од 2.223 патници и членови на екипажот, преживеале само 706. Загинале 1.360 мажи, 157 жени и деца.