(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНА СМРТНА РЕФОРМА ВО ЗДРАВСТВОТО НА ТОДОРОВ : Почина 26-годишна трудница во штипската болница

0
955

Трудница во поодмината бременост, почина во Штипската болница. Според информации на ТВ Стар се работи за млада штипјанка родена 1990 година, на кого ова и било прва бременост. Засега се уште не се познати причините за смртта на трудницата, но најверојатно се работи за форма на тешко труење поради кое, трудницата ден претходно е хоспитализирана.

Откако стостојбата се влошила, таа е префрлена на Акушерското одделение, каде за жал починала.

Телото е предадено на обдукција и таа треба да го даде одговорот на прашањето од што младата жена и нејзиното се уште неродено бебе, починале.