(ВИДЕО) УШТЕ ЕДЕН ХЕРОЈ : Хрватски тренер излезе од автобус за да спаси Скопјанец заглавен во поплавата, сам го туркаше автомобилот низ пола метар вода

0
1570

Овој човек херој е тренер од Осијек, Хрватска и моментално е во Скопје на турнир за кадети кој традиционално се одржува 3-та година.

Човекот се симнал од автобусот полн со фудбалери и заминал да му помогне на заглавениот скопјанец за да излезе од поплавената улица. Според гласовите кои се слушаат од видеото, тој е единствениот од автобусот кој хумано постапил обидувајќи се да помогне.