(Видео) Утре во 12 часот пред МРТВ: Генерал Ангелов официјално најави граѓански упад во МРТВ!

0
462

angelov 20 mm

Претседателот на партијата „Достоинство“ – генерал Стојанче Ангелов вечерва официјално најави ненасилен граѓански упад во македонската радиотелевизија за утре во 12 часот, со намера да ја притиснат МРТВ да почне да ги емитува политичките бомби и да се заложи за објективно информирање на граѓаните, пренесува Нова.

-Спремен сум да одам до крај, не верувам дека ќе посегнат по животи. Ние утре нема да се судриме со полицијата, едноставно ќе си влеземе дома, во нашата телевизија. Ве повикувам утре да се избориме за слобода, за демократија, Македонија да биде посреќна земја, порача Ангелов во својот говор пред МРТВ и пред Обвинителството каде одржува ненасилни собири речиси секоја вечер во последниве две недели.

Ангелов неделава оствари средба и со уредникот на информативната програмата на МРТВ Горан Петрески кој рекол дека јавниот сервис нема да ги објавува бомбите сè додека Обвинителство не ја тргне забраната за емитување на вакви содржини.

Видеото со обраќањето на Генерал Ангелов може да го погледнете ОВДЕ(Нова)