(ВИДЕО) УСПЕШНА ТРАНСПЛАТАЦИЈА НА СРЦЕ ВО ЗЕМЈАВА, ЕМИЛИЈА ДИНЕВА Е ХЕРОИНАТА КОЈА ТРАГИЧНО ПОЧИНА ПРИ ШТО НЕЈЗИНИТЕ БУБРЕЗИ И НЕЈЗИНОТО СРЦЕ БЕА ДАРУВАНИ

0
72

– Првата трансплантација на срце што беше изведена ноќеска на Клиниката за државна кардиорирургија е успешна, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Image may contain: one or more people and people sitting, text that says'M-LIFTING REDMI NOTE 8 PRO Al QUAD CAMERA'

– Трансплатацијата успешна! ❤️ Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги., напиша Филипче.

Првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор, ја изврши тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и национален координатор за трансплантација.

Погледнете и видео ТУКА.