(ВИДЕО) Туфегџиќ и Богоевски: Имаме план младите да бидат сами свои газди

0
1342

Ивана Туфегџиќ и Павле Богоевски, кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата во ИЕ 1 денеска изјавија дека младите ќе бидат во центарот на нивната активност.

– Владеењето на ДПМНЕ и ДУИ резултираше со тоа Република Македонија да биде рекордер во Европа по стапката на младинска невработеност, со огромни 54 % невработени млади и со десетици ако не и стотици илјади иселени млади. Видете, причината за иселувањето на Македонија, не е невозвратената љубов, причината е беспреспективноста, ниските плати, високата невработеност и енормната криминализација и партизација на секој дел од нашето општество. Пазарот на трудот и јавната администрација се користат само како срества за постигнување и одржување на политичка моќ -рече Богоевски.

Според него тоа е резултат на политиката образовниот систем се креира врз основа на партиските и идеолошките приоритети на ДПМНЕ и ДУИ а не врз основа на реалните потреби на пазарот на трудот.

– И државата и владата, упорно продолжуваат да се фалат пред странските инвеститори со нашата евтина работна сила а и помошта која што ја даваат за малите претпријатија од 3000 евра не е доволно, а и доколку ги добијат парите тие пари ќе бидат потрошени во првиот месец по енормно високите давачки и огромните казни – рече Богоевски.

Ивана Туфегџиќ пак истакна дека цел е младите да бидат сами свои газди.

– Нашата цел е младите да останат да живеат и да работат во Република Македонија.Коалицијата за живот во Македонијa има план, план кој предвидува отварање на фирма со само едно евро основачки капитал, 10 илјади евра неповратни средства за бизнис идеи на младите луѓе и поддршка од бизнис центрите, кој ќе бидат отворени по поголемите општини, поддршка која што ќе нуди правна, сметководствена, архивска и сета помош која што им е потребна на младите кој отпочнуваат сами свој бизнис – рече Туфегџиќ.