(ВИДЕО) Тунтев: Груевски и Мијалков организирале шема за уништување и превземање на Макпетрол и Телма?!

0
1318

Тој го праша премиерот Емил Димитриев и дали е информиран и свесен дека Никола Груевски и Сашо Мијалков направиле и организирале шема за напад врв „Макпетрол“ со цел да се преземе или уништи фирмата и телевизијата, служејќи се со незаконски сретства и со методи да се намали вредноста на акциите на фирмата, а истовремено да ги информираат акционерите да се ослободат од акциите навреме, односно да ги продадат.

– Атакот почна 2013 со закани и притисоци како и врз раководната структура на препознатлив и веќе виде начин како и кај телевизиите А1 и Алфа. Власта нападот го продолжи со кривични пријави против 20 луѓе од управувачката гарнитура меѓу кои и за сопствениот за наводен организиран стопански криминал, идентично како кај монтираните случаи за А1 и Алфа и овде се бараше замрзнување на имотот. Сега во обид за преземање од странска компанија повеќе од јасно е дека власта се обидува да ја нападне и уништи фирмата „Макпетрол“. Овој пат се работи за оф-шор шема со компании формирани на Кипар и на Дествените остров, со многу мал основачки капитал и сомнителни извори на финансирање. Фирмата „Балкан Петролеум“ која се јавува како купувач е дел од таа оф шор-шема.
Ова не се доволни индиции за македонските финансиски органи да го истражат во најмала рака сомнителното преземање. Комисијата за хартии од вредност молчи, Финансиската полиција молчи, Финансиската управа молчи, Министерството за финансии молчи. Тие ги затвораат очите пред она што е јасно за целата македонска јавност. Оваа влада има принцип – ако не си со мене тогаш си против мене, затоа сите критички настроени медиуми ги трпат притисоците и се жртви на брутален атак врз фирмите и сопствениците. Сега дојде ред и на Телма – рече Тунтев.

На ова процедурално реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој рече дека со изнесување на вакви непроверени и неточни информации се прави класична злоупотреба на Собранието и на пратеничкиот имунитет и функција. Димовски објасни дека ова што го прашува Тунтев е исто како некој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да го праша министерот за транспорт и врски дали Тунтев како заменик-градоначалник на Охрид имал стан во секоја зграда во Охрид.

Реагираше и координаторот на СДСМ Горан Сугаревски, кој рече дека е очигледно дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат опозицијата да прашува за криминалите што се прават.

Одговорот на поставените прашања даде премиерот Емил Димитриев.

– Проблематика тангира акционерско друштво согласно принципите на берзата, па ако го ставиме во контекст на политика ќе направи штета и на „Макпетрол“ и на медиумиот. Јас одговорно тврдам дека владата и владините институции ќе одговорат максимално согласно надлежностите но бидејќи се работи за приватна компанија, не би сакал да навлегувам во детали. Во однос на берзата, ќе се работи согласно закон – рече Димитриев.

Во однос на второто прашање, Димитревски рече „самиот поим шеми никој пат не го употребувам и не можам да одговор во тој контекст би се воздржал од одговор на прашањето дали знам за формирање на шема“.