(ВИДЕО) Трајковски: Кланицата на Арсенчо Алексовски ниту проработи, ниту се вработија луѓе

0
959

“Со помош на владата најдовме инвеститор за кланицата во Крива Паланка. Кланицата се рестартира, веќе се работи на тоа. Јас отидов пред некој ден, таму е пуштена струја, вода и се работи на расчистување на теренот.

До мај месец ќе започне да работи кланичниот дел и ќе се вработат од 80 до 100 луѓе.” ова се зборовите на Арсенчо Алексовски, од ВМРО-ДПМНЕ кажани во март 2013 г, на само неколку дена пред гласањето на локалните избори,соопшти на прес конференција Небојша Трајковски, член на ИО на ОО СДСМ Крива Паланка. Поминаа три години.

Денеска, јуни 2016г, на лице место сме пред кланицата која што според најавите на ВМРО-ДПМНЕ требаше веќе трета година да работи “под полна пареа”. Но, како што може да погледнете, нема ништо од тоа. ВМРО-ДПМНЕ и Арсенчо Алексовски повторно излажаа. Рестартирањето на клани… Овде ниту нешто се работи, ниту се преработува.

timthumb-185-300x147

Годините поминаа, а лагите останаа. Ако 2013-та беше за кланицата, 2014-та за фамозните 5.600 нови работни места во зоната во Ранковце, се прашуваме кое ли е новото лажно ветување кое владејачката партија го подготвува за граѓаните на Крива Паланка за следните предвремени парламентарни избори? Граѓаните многу добро ги знаат лагите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не им веруваат.

По проектот “Вистината за Македонија” веќе ништо не е исто како порано. Граѓаните сега знаат со кого си имале работа и какви се` криминалци управувале со државата и институциите. Нив ниту им било важен просперитетот и напредокот на државата туку провизиите во милиони евра, тендерите, личното богатење, одмаздата кон сите неистомисленици и сеењето страв.

timthumb106-300x147

Јалови се обидите на Груевски и неговата криминална банда, преку медиумите кои им се под контрола да ја искривуваат вистината. На граѓаните на Крива паланка јасно им е се’. Затоа, за сите нереални и лажни ветувања, како и за сите криминали, ќе се соочат со народната казна, рече Небојша Трајковски.