(ВИДЕО) ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО НА МАЈКА СО ДВЕ ДЕЧИЊА НА 3 И 5 ГОДИНИ КОИ ДВА ДЕНА СЕ БЕЗ ЛЕБ! ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА МАЛИТЕ ДЕЧИЊА!

0
1378

devojcheКога нашата екипа го посети семејството Џемаили, двегодишниот Јетон спиеше. Тој е болен од сипаници. Неговата мајка Зинете за да ги спростре алиштата, мора да се качи на ѕид, што е доста ризично. Нивниот живот е тежок поради тоа што немаат ниту елементарните работи. Алиштата на малиот Јетон, мајката Зинете ги пере на рака бидејќи немаат машина за перење.

“Ги чистам скалите од два влеза. Парите ги делиме. Едниот дел е за сметките за струја, а другиот за син ми. Ретко му купувам нешто. Но, тој е мал и бара многу и се обидувам да одвојам пари за него. Алишта никогаш не му купувам. Луѓето ни помагаат. Оваа лулка ми ја подарија, а количка немам“, изјави Зинете Џемаили.

Куќата во која што Зинете живее со нејзиниот сопруг и двегодишниот Јетон ја добиле од нејзиниот татко. Велаат, таа е трошна, стара и мала.

“Живеевме во Кондово. Таму куќата ни изгоре. Да не останеме на улица, татко ми ни ја даде оваа куќа. Но таа треба да се поправи, бидејќи е изградена уште пред земјотресот во 1963. Сега целата е распукана. Ни требат многу работи. Немаме машина за перење алишта, немаме ниту електричен шпорет“, изјави Зинете Џемаили.

Пополнетите документи за социјална помош ги пратила во општина Чаир и се надева на позитивен одговор. Апелот на Зинете е хуманите луѓе да и помагаат со цел малиот Јетон да има детство како и останатите деца.

ТЕЛ: +38970640664

Мирадие Хасани
#БидетеХумани