(ВИДЕО) ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ НА АЛСАТ – Пратеникот Сашо Василевски фатен ЖИВ како ги отвора вратите од Собранието на крвавиот четврток додека Јохан Тарчуловски ЈА ЧЕКА ТОЛПАТА ЗА ДА ЈА ОДВЕДЕ КАЈ ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА ДА ГИ УБИЈААТ!

0
11081

Оваа снимка ги потврдува информациите кои Алсат-М ги објави, дека вратите на Собранието на крвавиот четврток ги отвариле двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, без воопшто да бидат спречени од обезбедувањето на Собранието па ни од малкутемина полицајци кои се наоѓале на влезот на законодавниот дом.

На снимката се гледа како вратите се отвораат, демонстрантите почнуваат да влегуваат, а потоа се гледа пратеникот Василевски како се оддалечува од вратата, каде што веројатно претходно бил и им мавта, ги повикува да влезат. Позади на снимката се гледа и пратеникот Јохан Тарчуловски, за кого Алсат-М објави дека давал насоки на една група од демонстрантите каде да ги најдат Заев и останатите пратеници од парламентарното мнозинство.

973498340932-670x316 83490340923-670x374