(ВИДЕО) Талевски : Со„Акција 21” следува зајакнување на сите капацитети кои се борат со високата корупција, 2021 е година на антикорупција

0
58

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

И во претходниот и во тековниот мандат, борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Таа борба оваа година станува уште посилна, уште повеќе ефикасна, преку рамката „Акција 21“ со која европските стандарди ги носиме дома и позитивно го трансформираме целото наше општество.

Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, следува зајакнување на сите капацитети кои се борат против високата корупација.

И во оваа година продолжуваме со реализација на препораките од ГРЕКО. Во соработка со УСАИД во првите шест месеци од годинава ќе се спорведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, со цел подобро воочување на евентуални слабости во поединечните сектори со што корупцијата ќе се превенира навремено.

Започнува реализација на проекот за Интероперабилност меѓу антикоруцписките институции кои одговараат пред Владата.

Со овој проект се овозможува безбедна и ефикасна размена на податоци по елелктронски пат за предмети поврзани со корупција. На овој начин се очекуваат брзи и ефикасни рзултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција.

Веќе никој нема да смее да затајува, забавува и закочува случаи во кои постојат сомнежи за корупција. Се разбира, тоа нема да значи и осудување однапред, туку извршување на задачите и обврските сите информации веднаш да бидат предадени до надлежните институции, за да има брза завршница на процесите.

Следува зајакнување на правниот систем преку доекипрање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што ќе придонесе зголемување на ефикасноста на борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите.

Оваа година се воведува и електронски систем за инспекција, односно „Е-инспектор“, алатка што ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под надлежност на Инспекцискиот совет. На овој начин ќе се намали субјективното влијание на инспекторот во спроведувањето на инспекцијата.

Ќе се креира единствен регистар на недвижности за сѐ што е во државна сопственост, како и регистар на подароци, со што ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителите на јавни функции.

Почитувани,

Борбата против корупцијата бара силен ангажман со сите институции, но и од јавноста, од секој еден поединец. Граѓаните треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат, ниту да се двоумат да ја пријават. За поедноставно лоцирање и пријавување, ќе се воведе повикувачки број преку кој сите лица и физички и правните ќе можат да пријават ненавремно постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

Европски стандарди и нулта толеранција кон корупција се принципите од кои се води СДСМ како одговорна партија посветена на држава и граѓаните.

Ова е време на ред, правда и дисциплина. Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност, без разлика дали е функционер или не. Време е за поставување ред во институциите. Така се гради праведно и правично општество, така се гради држава што оди напред.