(ВИДЕО) Талевски : Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители

0
134

Изјава за медиуми, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ денеска го покажа своето виситнско режимско и насилничко лице.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа зад насилството, зад осудените насилници.

Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители.

Денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наместо зад правдата, зад граѓаните, застанаа зад лица осудени за тероризам.

Денеска пратениците од Прилеп, Ане Лашкоска и Петар Ристески заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат криминал и криминалци.

Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Ристески и Лашкоска блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба да се брани криминал и насилство.

Тоа е се што граѓаните на Прилеп гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници.

Почитувани,

Граѓаните постојано ја казнуваат режимско-насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Прилеп одамна им кажа НЕ на насилниците, инсталациите на Груевски се поразени од граѓаните на градот Херој.

Така ќе биде и на следните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивните деструкции одново ќе бидат поразени и уште долго ќе останат во опозиција.