(ВИДЕО) ТАЛЕВСКИ ГИ ПОВИКА ПРИЛЕПЧАНИ ЗА МАСОВНА ПОДДРШКА НА ПЕНДАРОВСКИ ВО ВТОРИОТ КРУГ : Стево Пендаровски е победник во првиот изборен круг. Продолжуваме заедно напред

0
560

Прес конференција на Миле Талевски, Претседател на ОО СДСМ Прилеп и претседател на совет на град Прилеп.

Почитувани,

На слободни, фер и демократски избори, победник во првиот изборен круг на претседателските избори е Стево Пендаровски.

Граѓаните на Прилеп гласаа мирно и достоинствено.

Им благодариме на сите граѓани кои го избраа Стево Пендаровски, но и на сите кои излегоа и изразија став на овие мирни и демократски избори.

Во вториот круг, очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот. Шансата за подобар живот е во чекорењето напред, затоа е потребно што повеќе граѓани да се приклучат кон победата.

Во вториот круг очекуваме конечна одлука на граѓаните со која ќе го поддржат патот по кој заедно тргнавме сите ние и нашата земја.

Ги повикуваме сите граѓани да го потврдат својот глас во вториот круг, да ставиме заеднички печат на европската иднина.

Го цениме и го почитуваме ставот и на сите граѓани кои се двоумеа и не излегоа да гласаат и се обраќаме и до нив.

Имаме заедничка шанса на 5-ти мај да го продолжиме растот на економијата.

Рекордниот број од 625 милиони евра странски инвестиции во 2018 година, да го зголемиме во оваа 2019 година, а стапката на невработеност да продолжи да се намалува.

Пред се’ на 5-ти мај, имаме шанса да избереме Претседател кој ќе помогне да обезбедиме подобри и европски услови за живот и работа на младите тука во нашата земја.

Да не ја прокоцкаме таа шанса, затоа што од вас и вашиот избор на 5-ти мај зависи иднината на земјата и на нашите деца.

Од вас зависи дали земјата ќе продолжи напред кон интеграција во европските семејства – НАТО и ЕУ, или повторно враќање кон изолацијата и темното минато на Груевски.

Почитувани граѓани на херојски Прилеп, на 5-ти мај да излеземе уште помасовно. Да избереме иднина и победа за нашата земја.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп