(ВИДЕО) ТАЛЕВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО ПРОТИВ ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ, ГО БЛОКИРААТ ЗАКОНОТ ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА

0
259

Прес- конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното дејствување во Собранието, на штета на граѓаните и државата.

Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ е против олеснување на условите за пензионирање, против отпремнини за припадниците на Армијата.

ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците, луѓето кои се на браникот на татковината, кои се спремни да го дадат својот живот, кои цела пандемија се во првите редови во борбата против коронавирусот, да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ се противи на можноста за стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на Армијата.

Во оваа партија предводена од Христијан Мицкоски нема ништо патриотско, тоа е истата партија која не го честиташе членството во НАТО, истата партија која блокираше важни процеси во одбраната.

Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години не вложуваше доволно во секторот одбрана, партија која со своите погубни политики ја девалвираше Армијата.

Денес, кога се решаваат сите проблеми што ги оставија зад себе, кога се подобруваат условите во Армијата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кочат и блокираат.

Како одговорно парламентарно мнозинство ќе ги преземеме сите механизми што ни стојат на располагање за овие измени да бидат донесени.

ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата. Затоа ги очекува нов пораз веќе наесен.