(ВИДЕО) ТАКА Е ТОА КОГА НЕМА МАФИЈА ДОПИР СО ПАРИТЕ НА НАРОДОТ – Премиерот Заев го израдува народот : 70 милиони евра годишно се враќаат во касата на граѓаните

0
1857

Премиерот Зоран Заев денеска објави на неговиот фејсбук профил дека просечно 70 милиони евра на годишно ниво се враќаат во касата на граѓаните.

Просечно враќаме над 70 милиони евра годишно назад кон граѓаните преку реформите кои ги усвоивме, како: укинувањето на радио-дифузната такса, намалување или укинување на услугите во Катастар, воведување на евтина тарифа на струјата.

Сега имаме нови 35 милиони евра за социјална заштита за сите граѓани. Убеден сум дека ќе бидеме уште поспособни да ги насочиме парите кон посиромашните и поранливите категории на граѓани.