(ВИДЕО) Сугарески: Сериозни обврски за фер избори се пред парламентот

0
1443

Денеска пратеничката група на СДСМ и опозицијата продолжува да учествува во работата на Собранието. Сериозни обврски произлегуваат од Договорот за фер и регуларни избори што е постигнат, што треба да се реализираат и преку Парламентот. Денеска треба да се донесат Измените на Изборниот законик, изјави вечерва координаторот на пратенилката група на СДСМ, Горан Сугрески.

– Наша цел е одржување фер и регуларни избори. Сите наши чекори во текот на целиот овој процес на политичката криза што ја предизвика власта се во таа насока. Во Договорот се предвидени рокови и решенија за сите прашања, Избирачкиот список, медиумите, ингеренциите на министерот за внатрешни работи, вклучително и обезбедување непречена работа на Специјалното јавно обвинителство. Ќе инсистираме овие обврски да се испочитуваат за да има избори во декември. Од овие причини, што се однесува до нашата поставеност, логичен чекор е денеска да продолжиме да учествуваме на пленарните седници во Собранието на Македонија – рече Сугарески.