(ВИДЕО) Сугарески: Инвестираме преку 80 милиони евра во кумановскиот регион за подобрување на животот за граѓаните

0
312

„Само во Куманово и кумановскиот регион инвестираме преку 80 милиони евра во реализација на крупни капитални проекти во патишта, железници и во изградба и реконструкција на канализации и водоводи кои треба да донесат економски развој во регионот, нови вработувања и подобар живот за граѓаните“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната работна посета во Куманово.

Во пресрет на владината седница што треба ќе се одрживо Куманово, министерот Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалникот на Општина Куманово, направија обиколка на инфраструктурните проекти што се реализираат во ресорот транспорт.

„Инвестираме преку 26 милиони евра во реконструкција на патната мрежа. Завршивме неколку патни правци многу значајни за овој регион,  исто така многу значаен правец кој ќе го почнеме идната година е патот до Страцин, инвестиција од 15 милиони евра. Понатаму инвестираме во изградба на железницата кон Бељаковце, инвестиција од 47 милиони евра. Сакам да информирам дека до крај на годината очекуваме ЕУ да ни одобрат неповратни средства за изградбата на заедничката железничка станица со Србија, која ќе се гради кај Табановце.

Проектите се комплетно завршени, очекуваме средствата да ни ги одобрат и да распишеме тендер за изградба на станицата.  И според мене најважната работа во која инвестираме е изградбата на водоводи и канализации, проекти со кој директно го подобруваме животот на граѓаните. Имаме неколку активни проекти во кумановскиот регион а веќе подготвуваме и нови проекти за следната година”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека патниот правец Куманово – Свети Николе е рехабилитиран во цела должина од 42 километри што претставува важна патна врска од граѓаните од Истокот со Република Србија.