(ВИДЕО) Сугарески: Мнозинството на Груевски ги спушти екстерното, минималната плата, иселувањата до 100-та точка

0
489

Screenshot_10-619x320

Ова е класично бегање на ВМРО-ДПМНЕ од најсуштествените и најреалните проблеми коишто Република Македонија ги има во овој момент, рече пратеникот Горан Сугаревски.

Праксата што со години ја води ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание продолжи и денеска, и тоа имавте прилика да го видите.

Точките за укинување на екстерното тестирање, за зголемување на минималната плата, на Законот за буџети за којшто граѓаните треба да видат како се трошат нивните пари и информацијата за се поголемото иселување особено на младите на Република Македонија, се ставени како последни точки на оваа седница.

Законите што ги предложивме, вклучително и информацијата се поднесени на 3-ти септември. Владата, сите овие закони коишто имавте прилика да ги слушнете денеска, не знам, некаде стотина се поднесени помеѓу 10-ти и 15-ти септември. Она што деловнички го знаеме е дека и пратениците и Владата и 10.000 граѓани со потписи можат да предложат закон. До ден денес не ни е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ бега од овие теми. Зошто овие точки се ставени на последно место?

Ќе пробам и да одговорам, ова е класично бегање на ВМРО-ДПМНЕ од најсуштествените и најреалните проблеми коишто Република Македонија ги има во овој момент.

Треба да излезат и јавно да кажат зошто се тие против укинувањето на екстерното тестирање? Јасно и гласно да го кажат тоа пред сите граѓани.

Да кажат зошто не сакаат да има зголемување на минималната плата на сите работници од 11.000 денари?

Зошто бегаат од отчет на секои три месеци, односно на шест месеци преку извештаи каде што граѓаните јасно ќе видат како тие ги трошат нивните пари?

И да одговорат, не знам зошто последна точка е ставена, за најголемиот проблем во Република Македонија, а тоа е иселувањето. Поставивме точка на дневен ред, со цел ова Собрание да заседава и да донесе заклучоци со коишто ќе се задолжи Владата и сите релевантни органи во Република Македонија како да најдеме начин, оваа бела чума, ова зло, колку што може да се намали.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, ДПМНЕ коешто не сака да разговара на тие теми и за граѓаните да не го слушнат сето тоа, ставени се овие точки од 95-та до 100-та точка на дневен ред.