(ВИДЕО) Студентски пленум: Селективна правда е неправда

0
488

Студенти се затвораат поради нивната слободна мисла и барање да се врати правдата во државата  додека аболицирани криминалци, товарени за тешки злодела се на слобода-рагираат од Студентскиот пленум. Револтирани се поради продолжениот притвор на нивниот колега Борјан Ефтимов  кој беше уапсен во минатонеделните антивладини протести за кои му беше изречен осум дневен  домашен притвор, а вчера судот ја продолжи мерката за уште 30 дена, пренесува 24 Вести.

Приведениот студент Борјан Ефтимов, кој е студент на Правниот факултет,  на својот Фејсбук  статус го објаснува целиот случај кога минатата недела  по кршењето на Народната канцеларијата на претседателот во центарот на Скопје,  бил повикан на информативен разговор, на кој доброволно се пријавил и соработувал со полицијата.

Според Ефтимов, на неговата адреса вчера пристигнало решение во кое се вели дека домашниот притвор му се продолжува за 30 дена поради сомневање дека делото ќе биде повторено. Тој пишува дека со денови сака да даде исказ со кој ќе го признае делото учество во толпа, но дека Обвинителство го избегнува тој процес, затоа што, како што вели  ако му биде  дозволено  да  го признае делото, нема да има основа за мерка притвор.

„Срам ми е што сум студент на Правен факултет во земја во која студенти се тепани, уште од првата архибригада па до денес, и носителите на власта ги кршат сите закони, а истовремено за учество во толпа се изрекуваат енормни притвори, додека пак за криминалци ниту има казна, ниту има постапка или пак притвор, туку има само аболиција. Со изречената мерка притвор за дело кое што не ми дозволуваат да го признаам ми го попречуваат процесот на образование. Да сакаа навистина да ме казнат за делото за кое што ме товарат ќе ми дадеа шанса да дадам изјава“, напиша Ефтимов на својот Фејсбук статус.

Од студентскиот пленум велат дека селективната правда која ја спроведуваат институциите нема да ги заплаши туку напротив ќе ги мотивира уште помасовно да се вклучат во антивладините протести.


SVETLE REAKCIJA STUDENTI ZA PRODOLZEN DOMASEN… by 24vesti