(Видео) Стојанче Ангелов со ѕвоната од кравите на Субрата Рој го будеше јавниот обвинител Зврлески

0
505

obvinitZvoncinja-632x320

Со звук на ѕвона и со извици пред јавното обвинителство, се будеше совеста на јавниот обвинител Марко Зврлески. Граѓани организирани од Стојанче Ангелов бараа негова оставка и со звук на ѕвоната се обидува да ја разбудат неговата совест и да си замине од функцијата, пренесува А1он.

-Не знам што прави овој човек се уште во обвинителството. Нека ја напушти функцијата, има чесни обвинители кои можат да го заменат. Со ѕвона кои останаа од кравите на Субрата Рој ќе го будиме Зврлески, ги најдовме на едно место оставени од кравите на Субрата Рој. Со овие ѕвона ќе се обидеме да ја разбудиме совеста на Зврлески, бидејќи велат дека тој имал совест, ама му била заспана, рече Ангелов.

Протестите ќе продолжат секој ден на пладне, а ќе се зголемува времето на блокада на обвинителството, се додека Зврлески не поднесе оставка.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ