(ВИДЕО) Сточарите Митре од Виниче и Дуло од Страчинци уште ја чекаат донацијата од добиточна храна

0
617

Сточарот Дуло Ибаимовски од Страчинци, едно од погодените села во невремето кое го зафати овој крај во поплавите изгубил 30 грла овци и целата добиточна храна која им била сместена во шталата која целосно била разрушена и однесена, пренесува „Бриф“.

stracinci1-610x343

Силната вода поминувала токму покрај бачилото.

stracinci4-610x343

Ибраимовски вели дека од Агенцијата за храна и ветеринарство дури вчера и денеска  добиле симболична количина на добиточна храна но тоа не е доволно. Тие трошат околу 100 килограми на ден пченица за овците.

(ВИДЕО) Сточарите Митре од Виниче и Дуло од Страчинци уште ја чекаат донацијата од добиточна храна

Објавено на 22.08.2016 во 12:48:28 часот | Македонија

Сточарот Дуло Ибаимовски од Страчинци, едно од погодените села во невремето кое го зафати овој крај во поплавите изгубил 30 грла овци и целата добиточна храна која им била сместена во шталата која целосно била разрушена и однесена, пренесува „Бриф“.

Силната вода поминувала токму покрај бачилото.

Ибраимовски вели дека од Агенцијата за храна и ветеринарство дури вчера и денеска  добиле симболична количина на добиточна храна но тоа не е доволно. Тие трошат околу 100 килограми на ден пченица за овците.

Сточарот Митре Вељановски од село Виниче досега не добил ниту килограм помош од добиточна храна.

mitre_v

Поплавата го нашла додека ги пасел овците и козите и едвај успеал да се спаси заедно со нив. Најмалото јаре, старо само два дена го носел в раце. И неговата добиточна храна која ја имал обезбедено целосно била уништена.

Очекува помош од Министерството за земјоделство кои веќе поминале да регистрираат колкава количина на храна му треба. Но до денеска нема добиено ниту еден килограм.

Извор: Бриф