(ВИДЕО) СРЕЌНО МОМЦИ, ГАЗЕТЕ! МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ИСПРАТЕНА СО СИТЕ САЛТАНАЦИ, СО ПОТУРАЊЕ ВОДА И СО СРЕЌА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

0
990

Нашата репрезентација во 10.30 часот со чартер лет ќе отпатува за Букурешт, на историскиот настап на ЕУРО 2020. Се е во најдобар ред, фудбалерите, членовите на стручниот штаб, цела експедиција се во специјални костум, како манекени, како што и доликува на една репрезентација учесничка на ЕУРО.

Непосредно пред да заминат од хотелот “Хилтон“ и се упатат кон аеродромот, утринава свое обраќање имаше и првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Тој покрај другото им посака многу среќа, успешен настап.

Репрезентацијата беше испратена со потурање вода, на традиционален македонски начин како што личи, и што друго да им посакаме освен СО СРЕЌА МОМЦИ, ГАЗЕТЕ!