(ВИДЕО) СРАМ ЗА РОМСКАТА ПОПУЛАЦИЈА : НА СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА АМДИ БАЈРАМ ПРАВИ СВАДБА СО НАД 200 ГОСТИ, КЛАСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВИКА АМДИ КЛАСТЕР

0
2908

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија.

Во земјава, поради коронавирусот забрането е организирање свадби, па поради тоа Амди Бајрам решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема ваква забрана. Видеа од свадбата на ќерка си на својот Фејсбук профил постави синот на Бајрам, Габриел.

Свадбата Бајрам ја имаше закажано за 11 ти октомври, но лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам рече дека ја откажал свaдбата на внуката Перјан, која претходно била закажана во ресторан во Шуто Оризари. Покана за семејната забава на која пишува дека ќе се одржи утре, беше објавена на социјалните мрежи, по што се покрена лавина на реакции, бидејќи свадбите се забранети поради пандемијата со корона вирус.