ВИДЕО: „Спремен сум да се борам додека дишам“ – вака помина посетата на Заев на Тетово и тетовско

0
1161

Руинирани спортски терени, оставени на забот на времето, со години заборавени од централната власт. Тоа беше првата слика којашто ја виде претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на почетокот на посетата на Тетово и тетовско, велат од СДСМ.

Младите тетовчани велат дека нивните врсници гледаат само како да заминат од државата. Наталожените економски проблеми и безперспективноста се главните причини. Оние што останале мака мачат со секојдневието. Згора на се, нема ниту катче за спорт и рекреација.

„Вие сте единствениот човек којшто верувам дека нема да ме разочара и ќе останам во оваа земја да живеам“ рече една млада тетовчанка директно обраќајќи му се на Заев.

„Вака не може повеќе, мора да се променат работите во државата“ рече еден жител на Тетово.

„Во 21-век граѓаните на Тетово се соочуваат со недостаток на вода. Но, не е само тоа, огромна загаденост, лоша инфраструктура, сообраќаен и урбанистички хаос, запуштени спортски терени, депонијата….Голем дел од овие проблеми се решаваат со неколу споменици помалку„ возврати Заев.

Преку плоштадот Заев се упати кон старата тетовска населба Два бреста. По средбите со граѓаните од Два бреста Заев го посети и соборниот храм Св.Кирил и Методиј во Тетово по што се упати кон населените места во околината.

Попладнето Заев беше помеѓу граѓаните на Урвич, општина Боговиње, планинско село, на над 1.000 метри надморска висина.

„Во 1975-та година тука имавме лекар, денес, 2015 немаме. Па нели здравјето е најважно. Сурово сме заборавени од оваа власт“ рече еден жител на Урвич.

Нема пат до соседното село, има проблеми со приклучување на струја, не можат да си ги легализираат новоизградените куќи со години.

„Јас сум гурбетчија. Еве направив куќа во 2010 година а од бирократија и корупција не можам да си ја легализирам, не можам струја да приклучам. Со овие на власт државата не ни помага, ни одмага. Во вас имаме верба дека нешто ќе се промени“ се обрати еден жител на Заев.

„Во оваа битка за подобра Македонија вие ми требате, заедно да ја водиме, за доброто на сите наши граѓани. Вашата поддршка ми дава сила. Заедно ќе победиме“ рече Заев.

По стемнувањето Заев ја продолжи посетата на тетовско помеѓу граѓаните на Јеловјане.

Велат дека владата со години не направила ништо за овој регион. Од Урвич до соседно Јеловјане, оддалечено само околу 2 километри нема пат. Се патува долго, по пробиени земјени патеки полни со прав, дупки и големи камења.

„Сериозен е проблемот со водата. Имаме многу извори ама сите ни ги зедоа и сега немаме вода. Сточниот фонд драстично ни се намали.“ рече еден жител на Јеловјане.

Заев ги ислуша граѓаните и повика на заедништво за конечна промена.

„Активно влеговме во Собрание. Ги видовте пратениците како се борат за граѓаните. И ќе продолжат да се борат. Секоја трета недела ќе предлагаме сериозни закони за подобар живот на граѓаните. Знам дека и кога ќе го победиме Груевски нови проблеми се отвораат, поради урнатата економија и големата задолженост. Да бидеме заедно како народ, оваа битка заедно да ја туркаме. Јас сум поготвен да ја туркам до крај заедно со вас, за доброто на сите граѓани“ рече Заев.