(ВИДЕО) Спасовски: На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори

0
728

Од денеска ние министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ сме очите на вас граѓаните внатре во Владата, порача новиот министер за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски.

– На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори. Во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви. Затоа сме дел од техничката влада. Ви ветивме и го исполнивме ветувањето – ја вративме техничката Влада што мора да организира и спроведе регуларни избори на 11 декември. Порачуваме, ќе го пресретнеме секој обид за какви било предизборни или изборни нерегуларности. Корупција на гласачи, притисоци, криминал – заврши во РМ – порача Спасовски во изјавата што ја даде пред Собранието, веднаш по изборот на техничката влада.