(ВИДЕО) Спасовски: Навремено ќе ги подмируваме државните долгови кон граѓаните и фирмите

0
377

Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2, синоќа од скопската населоба Хиподром рече пред насобраните граѓани дека државата должи и е најголем должник воопшто, иако никој не знае колку.

– Ние преземавме обврска, во првите 100 дена од формирањето на новата влада, сите обрвски на државата да ги систематизираме и да објавиме план, како да ги исплатиме парите кај граѓаните. Односно и кај фирмите и кај граѓаните. Сега во Гази Баба, во Стајковци, ништо не е исплатено. Велат, им исплаќаме 100 проценти од штетите, ама тие100 проценти значат ако е штетата 10 000 евра, тие ја процениле на 1000 евра и исплаќаат 1000 евра и велат дека исплатиле 100 отсто а останатите 9000 евра ги нема никаде. Така што, тоа е мојот одговор, ќе направиме проценка и врз основа на таа проценка што ќе ја направиме во првите 100 дена ќе објавиме план како ќе ги исплаќаме долговите и спрема граѓаните и спрема фирмите – рече Спасовски.