Friday, May 16, 2025
11.5 C
Skopje

(Видео) Спасовски: Во недела во 14 часот започнува голем натпартиски граѓански мирен протест! Готово е Груевски!

Изјава на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=InvbY9wOsKw[/youtube]
Почитувани граѓани,

На 17-ти мај, недела, во 14:00 часот, во главниот град на Македонија, започнува голем натпартиски граѓански протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски.

Ги повикуваме граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, ги повикуваме сите кои и мислат добро на Македонија да се приклучат на големиот протест.

Заедно, обединети, здружени, да испратиме порака до Никола Груевски, човекот кој ја уништи сегашноста и ја загрозува иднината на нашата татковина, дека мора да си замине.

Заедно да излеземе на голем мирен протест против мрачните сценарија и обиди за дестабилизација на Македонија. Обединети против насилството и криминалот на нелегитимната власт на Никола Груевски и неговите соработници. Здружени за враќање на европските вредности и мирот во Македонија.

Готово е Груевски. Македонија крена глава. Во недела, во Скопје, почнува враќањето на слободата и демократијата.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КАРАВАНОТ ,,ЗАЕДНО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ” ВО КРИВА ПАЛАНКА – ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски заедно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ