(ВИДЕО) Спасовски: Апелирам да нема насилство на протетстите!

0
462

Денеска во СВР Скопје организиравме еден состанок, работен, на којшто од началникот на СВР Скопје и луѓето коишто беа вклучени во обезбедувањето на протестите добив информација за случувањата синоќа на протестите и од тука сакам навистина да упатам еден апел и јавен повик до граѓаните на Република Македонија, рече министерот Оливер Спасовски.

Секој има право мирно, демократски да го изрази своето видување, својот револт, своето незадоволство и тоа не е воопшто спорно. Меѓутоа, тоа треба да биде ненасилно, мора да биде мирно, како што наликува на демократски свет. И во таа насока, навистина апелирам да нема насилство на протестите, да нема состојби на уништување на имот, државен или приватен, да нема напад врз полицијата, заради тоа што полицијата е тука да ја зачува безбедноста и стабилноста и навистина апелирам до граѓаните на Република Македонија да ја третираат полицијата на Република Македонија како партнер, како чувар на нивната безбедност. Само така можеме да си помогнеме сите заеднички. Нормално е дека полицијата мора да постапува согласно стандардните процедури, не смее да има прекумерна употреба на сила и во тој правец и сега разговаравме навистина, колку е можно, сите кои присуствуваат да бидат заштитени и на еден начин се одржува редот на овие протести.

11960011_1711134275825691_2665906811817024181_n