(ВИДЕО) СНЕМА РУБЉИ ЗА РУСКИТЕ ИНСТАЛАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА : Кризниот Штаб ,,БОЈКОТИРАМ” на Бачев, Солзето, Вилипче и Палчо сега бараат пари од владата за да го уништат Референдумот!

0
1413

Јанко Бачев, Солза Грчева, Љупчо Палевски или како што самите се нарекуваат „Кризен штаб против референдумот“, поднесе барање до Владата на Република Македонија за одобрување на финансиски средства за кампањата која ќе ја водат за престојните референдум.

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, по доставување на барањето изјави дека кампањата на Владата за престојниот референдум е целосна лага и оти не е точно дека влезот на Македонија во НАТО и ЕУ е од јавен интерес.

– Јавниот интерес на Република Македонија е да членува во меѓународни организации, но не во ЕУ и НАТО, туку во некои други. Ние, како „Кризен штаб“, бараме финансиски средства, онолку колку што владата ќе издвои за својата кампања за референдумот, ниту денар повеќе, рече Бачев.

Извор : А1он