Saturday, April 19, 2025
9.8 C
Skopje

(ВИДЕО) СКАНДАЛ во Македонска Каменица: Полицаец со чекан и тесла нападнал сосед?!

Со чекан и тесла, полицаец од М. Каменица решил да ги израмни недоразбирањата со неговиот комшија од станбената зграда во која заедно живеат.

Со вакво обвинување пред камерата на ТВ Стар излезе 36-годишниот Венцо Јакимовски, кој е иселеник од Каменица, а кој од овој физички дуел се здобил со повреди.

Јас живеам на десетти, тој на втори спрат. Додека го чекав лифтот видов дека влагува во зградата а во рацете носеше тесла и чекан. Кога поминуваше покрај мене ме удри со еден од тие предмети, раскажува Венцо Јакимовски.
Ова е последната сцена од проблемите меѓу овие двајца кои настанале откако Венцо почнал да си го реновира станот.

Полицаецот повеќе години ми бара пари, наводно за некаков долг од претходниот станар, но јас го одбивав. Потоа во неколку наврати ми бараше пари во униформа, рече Јакимовски.

Венцо за проблемите со службенто лице поднесувал и поплаки до полицијата, а најавува и кривична пријава против полицаецот.

Уплашен сум и вознемирен постојано има оружје во него. Кога е во униформа носи пиштол, еве вчера во него имаше тесла и чекан, кажа Јакимовски.

Од СВР Штип денеска потврдија дека лицето има поднесено две поплаки против вработениот во Полициското одделение во М. Каменица, со инцијали Т.М. поради нарушени соседски односи. Но, на 6 октомври, веднаш по поднесената поплака од В.Ј., следувала писмена поплака и од полицаецот. Од СВР Штип информираат дека се преземени сите мерки од нивна страна и е извршени усно предупредување на лицата, но потенцираат дека нема пријавено инцидент со тесла и чекан и дека полицаецот во моментот на настаните не бил на работа и немал службени активности.

ОВАА НЕДЕЛА

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ И ОТЕЦ ОЛИВЕР НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОДЕЛИЈА ПАКЕТИ СО ХРАНА НА НАЈСИРОМАШНИТЕ

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претставници...

ТРАГЕДИЈА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ КИЧЕВО-ГОСТИВАР : ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ТРИ ЛИЦА ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ

Поради сообраќајна несреќа во која неофицијално учествувале повеќе возила...

АМСМ: ПОРАДИ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ КИЧЕВО-ГОСТИВАР СООБРАЌАЈОТ ВО ПРЕКИН

Фото : Илустрација Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат А2...

ЦУК: ПАДНАТО ДРВО ОШТЕТИ ТРИ АВТОМОБИЛИ И СКИНА КАБЛИ ОД БАНДЕРИТЕ

Преку повикувачкиот број за итни случаи 112, во Центарот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ