Обезбедувањето на премиерот го избрка Саше Политико од зградата на владата и не му озвоможи да го следи пресот кој го имаа закажано во 12 часот министрите Пешевски и Спасов, пренесе Мактел.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ngfkrIZ_SxU[/youtube]
„Изговорот беше ист како и оној во клуб на пратеници, дека нема акредитација, иако Саше Политико е акредитиран во собранието на Македонија и автоматски од таму таа акредитација се презема и од другите служби задолжени за обезбедување на владини и државни објекти, тоа е пракса која постои 25 години во земјата. Обезбедувањето повика полиција со оружје кој го испрати Саше надвор од објектот и надвор од дворот на зградата на владата.
Саше Политко денеска ќе испрати официјално барање до ЗНМ и ОБСЕ да се погрижи на наредниот прес да им биде овозможен пристап на сите новинари“, пишува Мактел.