Friday, June 13, 2025
15.8 C
Skopje

(ВИДЕО): Сириецот кој го сопнуваше унгарската снимателка доби работа како фудбалски тренер во Шпанија

mosen500

Шпанска школа за фудбалски тренери го вработила сирискиот бегалец Осама Абдул Мосен, кој се најде на насловните страници на светските медиуми откако унгарската снимателка го сопна на границата додека бегаше со своето дете.

mosen3-500

Мосен, кој е поранешен менаџер на сирискиот прволигаш Ал Форува, треба да добие работа во школата за тренери „Сенафе“, во предградието на Хетафе.

„Ние сме национална тренерска школа, па одлучивме да му помогнеме на колегата тренер“, изјавил директорот на школата Мигел Анхел Галан, откако на медимите слушнал што е Мосен по професија, пренесува АФП.

Мосен ќе дојде со две од своите деца, додека неговата сопруга со ушт едве деца ќе пристигне подоцна.

„Тие ќе ги добијат најважните работи: стан, храна облека и работа“, вели Галан, притоа соопштувајќи дека еден колега од школата кој зборува арапски веќе отпатувал во Германија за да го доведе Мосен во Шпанија.

Инаку, видео снимките кои го заобиколија целиот свет покажуваат како Петра Ласло го сопнува Мохсен на трева додека трча со своето синче в раце, во близина на српската граница со Унгарија. Непосредно по ова, камерманката доби отказ од телевизијата каде што работела.

snimatelka snimatelka_2

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

АЛБАНИЈА ЗАМИНА СО ЕКСПРЕСНИОТ ВОЗ ВО ЕУ, ГИ ОТВОРА СИТЕ ПОГЛАВЈА ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО ЈУНИ

Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Марта...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ