(ВИДЕО) СИНОЌА МВР БИЕШЕ ЖЕСТОКА – Голема полициска акција во Грчец и Гази Баба уапсени се 21 лице за трговија со дрога

0
299

Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал, а акцијата е предводена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со министерството за внатрешни работи.

Пред Министерството за внатршени работи е Михаил Милошевски.

Приведени се 21 лице, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази баба, Чаир и Синѓелиќ.

Извори од истрагата посочуваат дека уапсените се веќе во полициска станица по што ќе бидат предадени на надлежен обвинител и изнесени пред суд.

Акцијата што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР, е за апсење организирана криминална група за трговија со дрога.

Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.

Во видеото погледнете го целиот извештај.