Monday, December 2, 2024
0.8 C
Skopje

(Видео) Се огласи бранителот кој Гоца го нарекува ЧОВЕЧЕ во разговорот со Мијалков – Величковски до Јанкулоска : Не сум човече, не сум ни говедо!

sasoVelickovski-685x320

Ниту сум човече, ниту сум говедо, ми останува само она “беден“ Македонец, реагираше Сашо Величковски пред МВР, институцијата од која беше тужен да ги врати парите што судот му ги додели за телесните оштетувања од нагазна мина во 1999 година на државната граница. Величковски е бранителот во пензија, кој се спомнува во разговорот како што рекоа од СДСМ, помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, а во кој таа бара да се интервенира во Врховен суд да се изгуби тужбата, зашто им користел во “цепкање“ на Достоинство, пренесе А1он.

-Тврдам дека никогаш не сум соработувал со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ, ниту сум работел против достоинство, во моја лична корист. Ова е потешко од мината која ми нанесе телесни рани, нема сега телесни оштетувања, ама голем срам е за мене како личност која има свое Достоинство, а не е полтрон кој работи на пет полиња, а треба да глуми дека е во една институција, рече Величковски.

Тој вели дека сеуште има тужби против него и дека МВР сеуште му ги бара парите исплатени од судот.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=uCcvjKNBTHQ[/youtube]

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=EI2nvO_lV0E[/youtube]

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

 

ГЈ: Втората работа е, една молба до тебе имам.

СМ: Аха.

ГЈ: Има едно човече, аа, Величковски Сашо се вика, ние сме го тужеле, он е сега пензионер…

СМ: Добро. 

ГЈ: …повреден у 2001. И сега ние, као на Влада имавме став да повлекуваме тужби…

СМ: Аха.

ГЈ:…сите тие работи, ама имаше еден дел на тужби што не можевме да ги повлечеме, оти веќе се беше завршено.

СМ: Добро.

ГЈ: И човеков, сега пред Врховен му е предметот, практично по наша тужба од МВР, да враќа пари за оштета. Тој исто ни врши многу работа на терен, овие Достоинство ги…им отцепува…

СМ: Што треба да правиме ние?

ГЈ: Да го изгубиме спорот, ние МВР на Врховен.

СМ: Добро. Прати ми број и готово.

ГЈ: Ќе ти пратам бројче, ама да знаеш што е работава. Да не се чудиш кога ќе ти го пратам и….

СМ: Да де да. Прати ми бројче и ќе го изгубиме.

ГЈ: Оти он више знаеш, ги зел парите…

МП: Не кажувај да добиеме, за губење лесна работа.

ГЈ: Не бе па ти, тој ги зел парите и мислам што и да е, и говедо да е, Македонец е, ранет у војната. И да не е ваква работа, а башка ни помага у Паланка ни помогна, кумановско ни помогна, со овие знаеш инвалиди, вакви-такви…

СМ: Кажи му ќе му завршиме работа и готово.

ГЈ: Супер, ти праќам бројче. Толку те барам јас.

СМ: Важи, ајде.

ГЈ: Ајде, поздрав.

СМ: Чао.

ОВАА НЕДЕЛА

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ – ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈЗУ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА, ПЛАТИЛ ГЛОБА, ПА ГО РАЗРЕШИЛЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната...

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ