(Видео) СДСМ – Шилегов : Кривична пријава од СДСМ против Груевски

0
620

Целата македонска јавност вчера виде како Никола Груевски ги снима и прислушува граѓаните и политичарите во Република Македонија.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=CQ3vQnLNnIo[/youtube]

Прашањето е дали воопшто Никола Груевски е пресметлива личност и дали е свесен со ваквите постапки каква штета и нанесува на Република Македонија?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе Кривична пријава против Никола Груевски за неовластено снимање и прислушување.

Согласно член 151 и член 152 од Кривичниот законик неовластено прислушување и снимање не е дозволено. Значи, Никола Груевски го прекршил законот.

Доколку постоеле посебни истражни мерки, сторено е кривично дело согласно членовите 360 и 360а од Кривичниот законик, оддавање службена тајна.

Сега Јавното обвинителство е на потег. Ајде да видиме како ќе постапи кога станува збор за Никола Груевски.

Груевски треба да одговори од кога е следен лидерот на опозицијата, Зоран Заев?

Претседателот на СДСМ јавно соопшти дека уште за време на криминалните избори минатата година, во разговор со Никола Груевски побарал одговори дали е следен и дали е под посебни мерки од МВР?

Иако Груевски посочил дека наводно не е информиран и дека ќе ја консултира Гордана Јанкуловска, до денес, воопшто се нема произнесено за овој скандал.

Објавувањето на податоците за движењето на претседателот на СДСМ во провладините медиуми, пред околу една година, потврдува дека лидерот на опозицијата е следен подолг временски период.

Значи Никола Груевски го следи, го прислушува и го снима лидерот на опозицијата долго време. Никола Груевски ги снима оние кои доаѓаат на политички средби во неговиот кабинет.

Незапаметени примери без преседан во Европа и целиот демократскиот свет.

Петре Шилегов – Портпарол на СДСМ

Одговори на новинарски прашања :

П1: Дали имате пример на некоја друга држава кадешто се снимаат средби во кабинетите на претседател, премиер. Дали е тоа легитимно?

Угледот на Република Македонија со прикажување на вакви видео материјали е доведен во прашање. Бидејќи не знаеме кои средби и кого се Никола Груевски снима во својот кабинет. Дали се тоа негови коалициони партнери, дали се тоа странски амбасадори, странски министри, премиери, еврокомесари и слични гости во неговиот кабинет.

П2: Вашиот лидер, на прес конференција истакна дека материјалите се доставени од македонски граѓани, ако добро се сеќавам патриоти, кои работеле во служби од Македонија. Наспроти него, владеачката партија и дел од медиумите оценуваат дека тие биле добиени од евентуално грчка или турска разузнавачка служба. Каков е вашиот коментар по однос на сето тоа? И дали според вас во овој случај снимениот разговор на премиерот со претседателот на вашата партија снимката е дело на странска разузнавачка служба?

Народот наш, на вакво прашање кој ти ги даде материјалите, има една поговорка вика зини да ти кажам. Не станува збор на странски служби. Станува збор за домашни граѓани, патриоти, кои ги прибавиле материјалите од нашите служби.

П3: Како ги коментирате повиците на провладиниот печат за линч на претседателот на СДСМ па и на целото раководство? Сведоци сме на написи во Курир, Вечер, вчерашната емисија на Јанко, кадешто отворено беа искажани погрдни зборови за раководството со линч да се затвори Зоран Заев и раководството. Имаше дури и граѓани кои во саботата сакаа да го нападнат штабот на СДСМ.

Очигледен факт е евидентна нервозата и безизлезната состојба во којашто се наоѓа Никола Груевски. Таа нервоза нема никаков друг метод и медотологија да одработува освен, со ефтина пропаганда, да се обидува да ја замајува јавноста. Неспорниот факт се скандалите во коишто е влезен и самиот тој, меѓутоа за жал гледате дека ја внесува и Република Македонија.