(ВИДЕО) СДСМ: Лозарите низ голгота – откупот под цена, некои чекаат пари од лани

0
397

Screenshot_124-685x320

Во екот на прибирањето на овогодинешната реколта на нашиот заштитен знак – виновата лоза, сакаме да укажеме, минуваме низ голгота! Ниска е откупната цена на грозјето. Најквалитетното грозје, Кратошијата ни ја земаат и по 8 денари за килограм. Тоа е 5 денари помалку од загарантираната цена. Ова го прават со кражба при проценките, вели Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци.

Бидејки исплатата оди по шеќерни единици, со наштимани ваги, небаждарени широмери, го спуштаат квалитетот на грозјето.

Дури и да успее некој да се договори да ја добие загарантираната цена, таа противзаконски се намалува за исплата веднаш. Од 13 на 12 денари за Кратошијата. Од 11 на 10 денари за Смедеревката.

Владата тврди дека ќе го казни оној кој ќе ја намали откупната цена. Но тоа е лага. Не го прават тоа, напротив, го дозволуваат.

Има лозари на кои сеуште не им е исплатено предаденото грозје од ланската година. Според законот, рокот за исплата е најдоцна 6 месеци. И ова си поминува пред очите на Груевски и власта.

Сеуште не се исплатени и субвенции за минатата година, а еве за три месеци завршува оваа година. Оние кои земаат субвенции не се вистинските лозари. Тоа се главно соработници со власта на кои им е дадено земјиште за обработка.

Најново, лозарите се соочуваат со огромни глоби од по неколку илјади евра. Незамисливо за еден лозар да ги плати. Премиерот во заминување Груевски самиот рече дека тракторите ќе се регистрираат на секои 5 години, за да им се олесни на лозарите. Но наместо тоа, прати инспекции да ловат нерегистрирани трактори. Инспекторите тврдат дека работат по наредба, а ветувањето на Груевски следната година ќе се остварело.

Ни претовар на грозјето не може да помине без стрес. И за ова огромни се казнитe – за претовар од возило на камион над 3.000 евра!

Лозарите се потценети и задолжени. Минуваат низ уште една тешка есен.

Комисијата за земјоделство на СДСМ е во постојан контакт со лозарите, кои минуваат низ уште една тешка есен. Секоја година е потешка од претходната. Разговараме за нашите решенија за загарантирана откупна цена, навремени субвенции, на вистинските лозари, почитување на законот, за ревизија на сите незаконитости околу доделувањето земјиште. Но слушаме и предлози.

Ве охрабруваме сите вас кои не сте се вклучиле досега, да дојдете и да ги кажете своите предлози. Работите можат да се сменат, ако се смени оваа себична власт.
Следната есен, се може да биде поинаку.