Вчера лидерот на ВМРО-ДМНЕ беше во Крушево. Членови на УМС на ВМРО- ДПМНЕ не дозволија нивниот лидр да го види транспарентот на седиштето на СДСМ, на кој пишуваше „Шутка не ти бега, Никола”.
На сила го симнаа транспарентот. Од СДСМ Крушево велат дека тоа го сторил член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а според нив, поттикнувачи биле вработени во полиција и Шумското стопанство.
„Никола Груевски, на ова насилство мора да дојде крај, криминалците да завршат во затвор и граѓаните да добијат фер и демократски избори“, порачуваат од СДСМ Крушево.