(ВИДЕО) СДСМ Битола: Чии бизнис интереси штитат ДПН Градски Паркинзи?

0
744

Општината и надлежните остануваат неми за барањата на станарите од населбата Стара Болница, кои побараа да се реши проблемот со паркирањето пред нивните згради.

козаров

– Пред повеќе од 18 месеци, ние станарите од оваа населба, побаравме од Општина Битола и од фирмата ДПН Градски паркинзи да се реши нашиот проблем со паркинг просторот пред нашите згради. Овој проблем се до ден денес не е решен. Револтот на станарите од оваа населба е се поголем од немањето паркинг простор за нивните возила. Овој проблем е постојан бидејќи граѓаните избегнуваат да платат паркинг и паркираат во слободниот простор пред зградите. Тоа е забележително особено во работните денови – вели советникот во Општина Битола од СДСМ, Горан Козаров.

Станарите на оваа населба за наоѓање на решение за овој проблем се обратиле до Општина Битола и до фирмата ДПН Градски паркинзи.

– Дали зад нерешавањето на овој проблем од фирмата ДПН Градски паркинзи која стопанисува со паркинзите во Општина Битола се крие фактот што како фирма не гледаат голем профит, па не сакаат да го стопанисуваат овој дел, а со тоа и не го решаваат проблемот на станарите? Затоа прашуваме дали ДПН Градски паркинзи и Општина Битола имаат намера и кога ќе го решат овој проблем на граѓаните од населба Стара Болница? Дали ДПН Градски паркинзи и Општина Битола работат во интерес на своите сограѓани или штитат нечии бизнис интереси? – праша Козаров.