(ВИДЕО) Сашо Ордановски со прогноза за следниот потег на режимот : Ќе има апсења за да се средат работите во медиумите!

0
502

sashoOrdanovski-685x320

Политиката е длабоко навлезена во медиумскиот систем во Македонија, пазарот е загушен и е нарушено пазарното функционирање, постои политички паралелизам.

Ниската сопственичка автономија резултира со ниска новинарска автономија, потребно е редефинирање на медиумскиот простор во Македонија, но тоа нема да оди ниту брзо, ниту лесно, – ова се дел од поентите на Сашо Ордановски, на денешната конференција „Каков медиумски систем и’ е потребен на Македонија“, во организација на Центар за развој на медиуми и Фондација Отворено општество – Македонија, пренесува А1он.

Toj рече дека во Македонија новинарите не информираат туку коментираат што значи дека дебатата се води само хоризонтално меѓу елитите, дури и на социјалните мрежи и тоа е проблем што резултира со релативно мала гледаност и мали тиражи.

Улогата на државата е клучна во диспропорционалното функционирање на медиумскиот систем, преку политиката на оданочување, огромните субвенции, мешањето во пазарот и еснафските здруженија кои кај нас се се уште со бизнис и политички влијанија.

– Мојата прогноза е негативна, ќе оди уште полошо. За да воопшто почнеме да разговараме за реформа на медиумскиот систем треба прво да падне оваа власт. Таа реформа може да ја прави само власта. Првата лоша вест е дека за таква реформа може да се зборува дури кога ќе има нова политичка власта, за околу година и пол до две. Втората лоша вест е дека таа дебата што треба да уследи со таа политичка власт, таа ќе има лимитирани демократски капацитети во смисла на носење на сублимирани и ризикантни решенија на пократок рок, а потоа да се редефинираат. Не може да правиме редефиниција додека законски не одговараат сите копи што се огрешиле од законот. Тоа значи дека ќе има апсења. Редефинирањето на медиумската сфера ќе си почне по закон – што од тоа се перени пари, што се давани на рака, што се “началниче“, што не се во сето тоа, рече Ордановски.

Целото обраќање на Саошо Ордановски може да го погледнете ОВДЕ(А1он)