Жестока дебата денеска се разви во медиа центарот на владата за време на дебатата за тоа како и дали да се помогнат печатените медиуми од буџетот со околу 1 милион евра годишно.
Само Саше Политико беше против таа луда идеја, сите други се натпреваруваа кој повеќе пари да земе од народот?!?!
По овој настап на Саше Политико, Насер Селмани од ЗНМ се нафрли со навреди кон него дека бил неписмен и не знаел да чита и ништо не знаел.
По ова Саше Политико постави уште едно прашање до министерот Поповски, (кој се правдаше дека ова било по препорака на Прибе и Ван Хојте и дека ова било нормална практика во ЕУ):
– Добро вие свесни ли сте дека давате 1 милион евра за хир на некои новинари кои не сакале да се префрлат на нет, како после ќе се правдате дека немало пари за болници и градинки и школи?! И што ако овие весници почнат да ве фалат тоа ќе излезе дека е платена пропаганда?! А што ако ве запукаат и вие догодина ја укинете мерката поради беспарица, сите ќе мислат дека е затоа што ве критикувале веснициве?!
На тоа Поповски одговори дека тоа се реални размислувања, но сепак заради тоа што сите во ЕУ го правеле тоа и затоа што ЗНМ го подржала предлогот големи се шансите оваа идеја да стапи на сила во текот на следната година со ребаланс на буџетот.
Главна кавга на дебатата всушност беше дали и бесплатните весници да добијат субвенции?!?!?
Што да ви кажеме, ЛУДИЛО!!!
Видеото ќе може да го погледнете на следниот линк ОВДЕ