(ВИДЕО) Само Заев кратко застана пред новинарите по средбата, ГРУЈО,ТАЧИ, АХМЕТИ ГИ СНЕМА!

0
1410

Заврши средбата на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија – Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, што се одржа доцна попладне во Клубот на пратениците во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.

По средбата што траеше повеќе од час лидерите на партиите не дадоа изјави.

Единствено лидерот на СДСМ, Зоран Заев на кратко застана пред новинарите и кажа дека преговорите ќе продолжат во наредните денови.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=RJv_cVaruII[/youtube]

– Се трудиме максимално да се најде решение, ама тоа зависи од сите страни – рече Заев.

Кратко потоа, од СДСМ испратија соопштение:

„Лидерите на главните политички партии се состанаа денеска за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни.

Во овој контекст лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат.

Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2-ри јуни“, соопшти СДСМ.

И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Средбата беше договорена по разговорите на партиските лидери одржани на 19 јуни исто така во Клубот на пратениците, а на кои тие уште еднаш ја потврдија нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни постигнат со посредство на евокомесаротза преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан.

Видео – А1он