(ВИДЕО) Ристески : Како што пред 78 години од Прилеп започнало градењето на современата македонска држава, така и повторно од Прилеп ќе започне обновата на современата македонска држава

0
1382

Почитувани медиуми, почитувани граѓани на Република Македонија, да ни е честит и вековит 11-ти Октомври – Денот на народното востание. На денешен ден пред 78 години во Прилеп, македонскиот народ ја отпочнал својата вооружена борба за слобода, борба против бугарскиот и германскиот фашистички окупатор, борба за слободна, самостојна македонска држава.

Но, за жал и денес на власт имаме предавничка власт на чело со Зоран Заев, власт која потпишува и склучува капитулантски договори. Но, ни тогаш ни денес, нема македонскиот народ да дозволи Македонија да стане квислиншка територија. Ние како генерација имаме обврска да ја продолжиме борбата за градење на современа македонска држава, силна и перспективна Република Македонија.

Од Прилеп започнало тогаш, за брзо од Прилеп ќе започне и сега обновата на современа македонска држава. Да ги поправиме грешките од оваа предавничка власт, која во овие три години го понижува, го обезличува и го обезименува македонскиот народ и македонската држава. Ние не сме политичари кои се срамиме да го спомнеме името на сопствената држава и да ја нарекуваме нашата, вашата, северна или слично.

Македонијо да ти е честит денешниот празник, да ни е вечна Република Македонија, за многу години!

Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески