(ВИДЕО) Ристески : Дојдете утре да разговарате лично со Христијан Мицкоски, идниот премиер на Република Македонија

0
1634

Македонија се буди, Македонија бара промени! Граѓаните  го креваат гласот против оваа одродена власт на СДСМ и Зоран Заев кои стануваат минато и ќе бидат сместени на темната страна од историјата на Република Македонија.

Животот во државата стана неподнослив, беспарицата како никогаш порано ги приморува граѓаните масовно да се иселуваат и да трагаат по подобар живот.

Ова мора да прекине, Македонија мора еднаш засекогаш да стане правна држава, држава каде ќе се почитува законот и каде ќе се живее достоинствено.

ВМРО-ДПМНЕ одново ќе го носи товарот за спроведување на промените и вистинските реформи за целосна ОБНОВА НА ТАТКОВИНАТА!

Ве поканувам сите, членови, симпатизери, граѓани, во среда на големиот државен празник 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна организација, со почеток од 11:30 часот на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, на заедничка средба со Претседателот на партијата, Г-дин Христијан Мицкоски.

Дојдете да разговарате лично со идниот премиер на Република Македонија и да дадете свој придонес, свои идеи за идната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Дојдете да ги кажете проблемите кои го тиштат вашето секојдневие.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува заедно во сојуз со народот да ја пишува новата стварност во државата, која ќе значи голема победа на изборите во април идната година.

Македонија расчистува со криминалот, корупцијата и злосторничкото здружување наречено СДСМ и Зоран Заев.

Деспотот е на колена и веќе е поразен! Затоа приклучете се сите во Обновата на државата и во борбата за враќање на достоинството и посебноста на македонскиот народ.