(ВИДЕО) РИСТЕСКИ : Власта ги погази сите идеали за кои Ченто се борел, а сега лицемерно положуваат цвеќе

0
541

Денес на 62-годишнината од смртта на првиот претседател на Република Македонија, Методија Андонов-Ченто, со посебна чест сме тука да се поклониме пред неговиот споменик, пред ликот и делото не Ченто. Навистина сум посебно горд, бидејќи како член на ВМРО-ДПМНЕ, стоиме на патот кој го трасирал Методија Андонов-Ченто, работиме на остварување на идеалот за кој тој живеел и се борел, самостојна, суверена, независна и силна Република Македонија.

Но, морам да го изразам моето огромно незадоволство од лицемерието на политичарите од власта. Тука се, со една рака положуваат цвеќе на споменикот од Ченто, а со друга рака потпишуваат распродавање на македонските национални интереси. Го сменија уставното име на Република Македонија, воведоа двојазичност на целата територија во државата и тука во Прилеп, ја распродаваат најевтино македонската историја, се’ она за кое Ченто не се борел.

Не само што распродаваат се’ што е македонско, туку во своите намери газат преку најголемите великани како Ченто и неговото семејство и фамилија. Како што Ченто настрадал од нивните предци, сега му ја кројат судбината и на неговиот правнук Јане Ченто, кој борејќи се за истиот идеал на својот прадедо, сега отслужува затворска казна одредена од оваа предавничка власт. На крај да запрашам, зошто се одбележува 62-годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто, без присуство на членови од неговата потесна или поширока фамилија?

Оваа предавничка власт мора да падне и ќе падне, но последиците ги чувствуваме сите. Македонскиот народ е свесен за се’ што се случува и верувајте на првите избори ќе ги смести овие предавници онаму каде што им е местото, на буништето на македонската историја, заедно со најголемите предавници на македонската историја.